На 30 ноември ќе се продава Алта банка, се отвори и експозитурата во Прилеп
Народна банка ја објави постапката за продажба на Алта банка и да ѝ се најде нов сопственик. Првата аукција е на 30 ноември преку македонската берза. Во меѓувреме се отвори експозитурата во Прилеп. Прилепчани со часови чекаа да стигнат до своите пари...

На 30 ноември преку македонската берза, Народна банка ја закажа првата аукција за продажба на Алта банка за наоѓање нов сопственик. Се продава доминантниот пакет акции од 95,336 проценти по цена од 3,777 денари по акција. Продажбата е според моделот „се или ништо“ – на продажба е целиот пакет акции, без можност за делба. Доколку пропадне првата аукција, за секоја наредна, почетната цена се намалува за 10 проценти во однос на претходната.
Од денеска пак, по две недели, со работа продолжи експозитурата на Алта банка во Прилеп. Од 12 до 16 часот банката на коминтетите ќе им исплаќа по 20.000 денари за две недели.
Прилепчани со часови чекаа да се отворат вратите на експозитурата.
Преку банкоматот на банката цело време се исплаќаат по 15.000 денари неделно.
Елизабета Митреска
