Министерот Попоски во посета на Црна Гора
07.10.2014 10:53
Како што соопшти МНР, посетата е во контекст на одличните билатерални односи меѓу двете земји и има за цел да даде дополнителен импулс за развивање на соработката во стопанството и економијата...

Шефот на дипломатијата Никола Попоски е во официјална посета на Црна Гора. Ќе има средба со министерот за надворешни работи Лукшиќ, и со целиот државен врв.
Разговори што ќе дадат дополнителен импулс за развивањето на соработката во стопанството и економијата, покрај одличните билатерални односи, се вели во соопштението од Кабинетот.
Попоски ќе одржи и предавање на тема „Европските интеграции на РМ и Западен Балкан“, на Правниот факултет при Црногорскиот државен универзитет.
