Мисирков – темел на македонскиот идентитет
Сто години од смртта на Крсте Петков Мисирков, неговото дело и идеи остануваат темел на македонската самобитност. На научен собир посветен на првиот кодификатор на македонскиот литературен јазик беше истакната потребата неговото наследство да биде поттик за современата наука и зачувувањето на македонистиката...

Идеите на Мисирков не смеат да останат само историско паметење, туку да бидат поттик за современата наука, особено во време на брз технолошки развој, дигитализација и обиди за оспорување на македонистиката. Ова е пораката од собирот по повод 100 години од смртта на првиот кодификатор на македонскиот литературен јазик.
И по еден век од неговата смрт, неговото дело останува темел на македонската самобитност, потсетник за обврската на државата и науката кон сопствениот јазик.
Во рамките на манифестацијата се одржува и меѓународната научна конференција „Славистиката и македонистиката – историски и современ дискурс“. Учествуваат повеќе од 40 научници.
Целта е да се зачува споменот за неговото дело и да се потврди неговото значење за македонскиот јазик и култура.
Ана Јосифоска
