Случај „Махаилова“

Чамова немала информации дека ДАНС ѝ вршел притисок на Михаилова

16.11.2026 19:42

Тајните аудио снимки во случајот „Махаилова“ ја разбрануваа Софија. Бугарската министерка за надворешни работи, Чамова, не гледа докази дека таа била изложена на притисок од бугарските служби. Од ДАНС ги отфрлија обвинувањата...

Тајните аудио снимки во случајот „Махаилова“ ја разбрануваа Софија. Бугарската министерка за надворешни работи, Чамова, не гледа докази дека  таа била изложена на притисок од бугарските  служби. Информациите за наводни закани и условувања се нејасни, изрази сомнеж и во однос на најавите дека случајот ќе  биде пријавен пред европските институции.

„Колку што видов од изјавата на Ива Михајлова, таа самата тврди дека не била изложена на притисок, така што за мене е малку загадочно од каде се појави таквата информација“, изјави Петрова-Чамова  за бугарските медиуми.

Реакцијата следи по објавувањето на тајно снимени разговори од бугарскиот јутјубер во кои  Михајлова тврди дека била под притисок од бугарската ДАНС првото интервју да го даде кај конкретен новинар, во спротивно можела да ја изгуби финансиската помош за лекување и правната заштита. Од ДАНС ги отфрлија обвинувањата.

„Службеници на Државната агенција за национална безбедност на никаков начин не извршиле какво било влијание врз бугарската државјанка, по кој било повод“, се наведува во соопштението на ДАНС.

Во мегувреме случајот зема широка димензија на бугарската политичка сцена. Опозицијата се закани дека за случајот ќе ги информира институтциите во Брисел, истовремено  бара оставка од шефот на ДАНС, Пламен Тончев.

Марина Стојанова Тонева