Реакции

Партиите бараат одговорност за насилникот од Охрид

16.11.2026 20:22

Случајот со насилството врз Сара предизвика остри реакции од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Се огласи министерот за правда Шасивари, секоја пријава мора да се сфати сериозно, секој ризик мора навреме да се препознае и секоја жртва мора да добие соодветна заштита. Ниту една жена не смее да живее во страв – велат од Правда.

Од СДСМ побараа итна заштита за девојката, целосно расчистување на случајот и одговорност за сите пропусти и обиди за прикривање. Неказнивоста ги охрабрува насилниците. Пропустите на МВР и штитењето на криминалот имаат фатални последици – констатираат на „Бихаќка“.

ВМРО-ДПМНЕ застанува зад Сара и нејзиното семејство, сочувствува со нив и повикува на итна и решителна реакција во заштита на правната држава и жртвите на насилство. Никој не е над законот и сите институции мора да постапат и да немаат милост кон насилниците-посочуваат од владејачката партија.

„Откако МВР постапило и го обезбедило осомничениот за насилството, надлежниот јавен обвинител го пуштил на слобода, со благи мерки на претпазливост и тактизира. Ова е скандалозно однесување на обвинителството, за која мора да има одговорност“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Се огласи министерот за правда Шасивари, секоја пријава мора да се сфати сериозно, секој ризик мора навреме да се препознае и секоја жртва мора да добие соодветна заштита. Ниту една жена не смее да живее во страв – велат од Правда.

„Со новиот Кривичен законик дополнително се зајакнува кривичноправната заштита од семејно и родово базирано насилство. Предвидени се затворски казни за потешките облици на насилство, а за определени кривични дела во контекст на семејно и родово базирано насилство се предвидува гонење по службена должност, без товарот на постапката да се префрла врз жртвата“, стои во соопштението од Министерството за правда.

Во изминатото деноноќие на територијата на државава се регистрирани шест пријави за семејно насилство, според билтенот на МВР.

 

Миле А. Ристески