Министерот Јолевски на конференција „Западен Балкан – иднината на интеграцијата“ во Рим

07.10.2014 11:00

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска и утре ќе престојува во Рим, Италија, каде ќе учествува и ќе се обрати на конференцијата „Западен Балкан – иднината на интеграцијата“.

Конференцијата ја организира Фондацијата на одбранбениот колеџ на НАТО во соработка со Италијанското претседателство со Советот на ЕУ и Балканскиот фонд за демократија.

Во рамки на престојот во Италија, министерот Јолевски ќе оствари и одвоени работни средби, со министерката за одбрана на Италија, Роберта Пиноти и со претседателот на Комисијата за одбрана при Сенатот на Италија, Никола Латоре.