Финансии

Димитриеска-Кочоска: Долговите мора да се враќаат, јавните финансии да се водат одговорно

16.11.2026 17:23

Повеќе пари за плати и пензии и за развојни проекти во најтешката државна каса од 7,2 милијради евра. Министерката за финансии ветува во 2027 буџет насочен кон стабилни јавни финансии, продолжување на фискалната консолидација и поддршка на економскиот раст.

Повеќе пари за плати и пензии и за развојни проекти во најтешката државна каса  од 7,2 милијради евра. Министерката за финансии ветува во 2027 буџет насочен кон стабилни јавни финансии, продолжување на фискалната консолидација и поддршка на економскиот раст. Покрај финансирањето на буџетскиот дефицит, мора да има пари и за обврските што доспеваат. Меѓу нив еврообврзницата од 500 милиони евра, издадена во 2023 година.

Министерката на брифинг со новинарите ги откри и проекциите за јавниот долг во 2027, кој ќе достигне до 12,3 милијарди евра и прелиминарните проекции се дека ќе биде 59,7% од БДП.

Според министерката, финансирањето ќе се обезбедува преку домашниот и меѓународниот пазар.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека во новиот буџет нема пари за раст на платите во здравството, образованието и социјалниот сектор, додека државата издвојува за камати и има наталожени долгови кон стопанството.

Проекциите на буџетската каса се во собраниска процедура товарен со над 300 амандмани. Влада в година очекува економски раст од 3,8% и инфлација од 3,2%.

Борис Грујоски