Нови можности за македонската патна инфраструктура преку членство во европската асоцијација
Македонското друштво за патишта стана членка на Европската асоцијација за асфалтни коловози, во која членуваат над 20 национални друштва и повеќе од 30 приватни компании. Се очекува членството да придонесе за размена на стручни знаења, примена на нови технологии и унапредување на патната инфраструктура.

Полесно ќе се надминуваат проблемите кои се јавуваат во текот на изградбата на инфраструктурните проекти, а инженерите ќе имаат пристап до најновите светски стандарди за изградба на патишта. По 50 години постоење, македонското друштво се вброи во најголемата европска асоцијација за асфалтни коловози.
Во Европската асоцијација членуваат над 20 национални друштва од цела Европа, како и над 30 приватни компании. Во Македонија гледаат партнер кој ќе се бори за подобра иднина на патната инфраструктура. Посебен фокус во наредниот период ќе биде ставен на процесот на дигитализација.
Очекувањата се дека членството во ЕАПА може да придонесе за поголема вклученост на македонските стручни кадри во европските професионални мрежи и следење на новите технологии и стандарди во областа на асфалтните коловози.
Викторија Милевска
