Собрание

Во Собранието дебата за извештаите на Европската комисија

16.11.2026 19:17

Последниот Извештај за напредокот на земјава покажува дека власта нема направено ништо суштинско за евроинтеграциите, а немало ниту напредок во борбата против корупцијата, истакна лидерот на СДСМ Венко Филипче на собраниската дебата на која се разгледуваа извештаите на Европската Комисија. Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ пак смета дека Врховниот суд треба да биде потранспарентен и да објасни зошто се укинати пресудите за Ласкарци и за Модуларната болница.

Без суштински исчекор во евроинтеграциите, ниту евидентен напредок во борбата против корупцијата. Вака лидерот на СДСМ го интерпретираше последниот извештај на ЕК за напредокот на земјата. Вели дека земјата лошо стои на економски план и не ги користи европските фондови.

Зборувајќи за ниската доверба во судството, Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека тоа делумно се должи и на нетранспарентноста на Врховниот суд, кој не се одважил да образложи зошто се укинати пресудите за Модуларната болница и за случајот Ласкарци.

Известувачот за Македонија, Томас Вајц констатира дека земјава би била предводник во преговорите, ако се надминат блокадите од соседна Бугарија.

Анита Димитријевска – Велковска