Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност

17.11.2026 08:26

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.