АМСМ

Сообраќајот се одвива непречено, по претежно влажни коловози

17.11.2026 08:44

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата...

ДППУ Стентон Градба ДОО Битола известува дека од 17.11.2026 г. сообраќајот на Регионалниот пат Р1208 делница Калишта – Радожда кај м.в. Елен Камен ќе се одвива наизменично, по една сообраќајна лента, односно ќе биде воспоставен режим на двонасочен сообраќај со наизменично пропуштање на возилата низ една заедничка слободна лента.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информира АМСМ. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2026 година започнa законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2027 година. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.