20 години Академија за судии
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ одбележува две децении од основањето. На свеченоста во Скопје ќе присуствуваат претставници на правосудните институции, Владата и меѓународната заедница. Јубилејот е посветен на улогата на Академијата во едукацијата и професионалното усовршување на судиите и обвинителите.

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска одбележува 20 години од основањето. Свечениот прием ќе се одржи во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, со присуство на претставници на правосудните институции, Владата, дипломатскиот кор и меѓународни организации.
Настанот ќе почне со поздравно обраќање на директорката на Академијата, Ирина Трајкоска Стрезоски, по што се предвидени обраќања на претседателот на Собранието, Африм Гаши, претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, заменик-претседателката на Советот на јавните обвинители, Маријана Илиеска, и заменик-шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Бен Нупнау.
Ќе бидат доделени плакети и благодарници, а јубилејот е посветен на две децении работа во едукацијата и професионалното усовршување на идните судии и јавни обвинители.
