Македонија

Медиумски форум во Скопје

17.11.2026 10:01

Претставници на медиумската заедница, комуникациски експерти и меѓународни организации во Скопје на 20. Југоисточен европски медиумски форум. Во фокусот се професионалното новинарство, предизвиците во медиумскиот сектор и улогата на медиумите во јакнењето на демократијата, општествената отпорност и европската соработка.

Под мотото „Поблиску до регионот, посилни во Европа: Улогата на комуникацијата и медиумите во зајакнувањето на имиџот, отпорноста и безбедноста на Европа“, во Скопје ќе се одржи 20. издание на Југоисточниот европски медиумски форум (SEEMF 2026).

Форумот ќе се одржи во хотелот „Холидеј Ин“, со учество на претставници на медиумската заедница, комуникациски експерти, меѓународни организации и институции, како и на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Во фокусот на дискусиите ќе бидат предизвиците во медиумскиот сектор, професионалното новинарство, јавната комуникација и улогата на медиумите во јакнењето на демократските процеси, отпорноста на општествата и европската соработка. Предвидени се повеќе тематски панели и дискусии.