Осум сообраќајќи за 24 часа во Скопје
07.10.2014 11:25
Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди.
Од нив, шест се со последица материјална штета и една со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле двајца патници во автобус. Случена е и една незгода со тешки телесни повреди во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се двајца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол. Тие се исклучени од сообраќај, шест возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 28 возачи кои го управувале своето возило по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.