Почна откупот

17.11.2026 12:01

Прилепскиот тутунски комбинат и уште три компании денеска го почнаа откупот на тутунот од годинашнава реколта. Родот е квалитетен, тутунарите очекуваат повисока цена...

Почна откупот на тутунот. Тутунарите се на вагите да го проценат своето годинашно производство.

Прилепскиот тутунски комбинат прв и уште три компании ги отворија пунктовите за откуп. Комбинатот веќе дава повисока цена од ланската и е околу 435 денари за килограм. Сојузот на земјоделски здруженија очекува деновиве да откупуваат и другите компании.

Министерството најави-за 10 денари да се зголемат субвенциите-од 80 на 90 денари, а да се отфрли мерката зелена нафта. Тоа е во интерес на производителите, смета министерот Борче Серафимовски.

Годинашниов род се проценува на околу 26.000 тони. Ова е предвремениот откуп, а сите 10 компании мора да почнат до 15 декември.

Елизабета Митреска