Македонија
Во Скопје, медиумски форум на Југоисточна Европа „Поблиску до регионот, посилна Европа“
17.11.2026 17:18
Улогата на комуникациите и медиумите во зајакнување на имиџот на Европа, отпорноста и безбедноста е темата на медиумскиот форум на Југоисточна Европа, „Поблиску до регионот, посилна Европа“ во Скопје. Форумот го отвори претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со учесници од југоисточната медиумска организација, ЕБУ, ОБСЕ и медиумите од регионот...

Новинарството не смее да биде продолжена рака на власта, ниту нејзин противник – мора да ја преиспитува секоја форма на моќ, истакна претседателката Сиљановска-Давкова. Таа од Југоисточноевропскиот медиумски форум во Скопје порача: „Без слободни и одговорни медиуми нема информирани граѓани, а без нив демократијата е празна форма“.
Независните медиуми се носители на информирањето во јавноста, но и средство за испитување на јавното мислење за клучни теми. Улогата на медиумите е зајакнување на имиџот на Европа, отпорноста и безбедноста.
Во ера на социјални мрежи, одговорноста мора да биде насочена кон пласирање точни информации, а не дезинформации.
Ирина Гелевска
