Уметност

Реставрирана сликата „Тешкото“ од Никола Мартиноски

17.11.2026 14:27

Во октомври 2026 година заврши конзерваторско-реставраторскиот третман на монументалната слика „Тешкото“ од Никола Мартиноски (1952–1953) кој беше изведен во Лабораторијата за уметничка технологија, конзервација и реставрација на уметнички дела – CARE Lab при Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Делото е масло на платно, со димензии 350,8 × 99,6 сантиметри (со рамка 365,5 × 115 сантиметри), а во сопственост на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

„Третманот беше изведен во рамките на проектот „Конзервација на сликата ‘Тешкото’ – зачувување на културното наследство“, финансиран од средствата за информативни, културни, спортски, студентски сервиси и други активности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за 2026 година. Работата се засноваше врз принципите на зелената и одржлива конзервација, со водени системи за чистење, минимална интервенција и почитување на материјалниот интегритет на делото. Реализацијата на проектот претставува придонес кон интегрирањето на современите конзерваторски методологии во високото образование и кон поврзувањето на научните сознанија со практичната заштита на културното наследство“, соопшти Факултетот за ликовни уметности.

Ментори и раководители на конзерваторско-реставраторскиот третман беа: доцент м-р Марија Сотировска-Богдановска и м-р Маријета Сидовски, насловен доцент и виш конзерватор-реставратор.

Фото: ФЛУ