Се бара нов сопственик на „Алта банка“, првата аукција закажана за 30 ноември
Акциите на „Алта банка“ – Битола ќе се продаваат по моделот „се или ништо“. Целиот пакет е тежок 22,3 милиони евра. Во очекување на првата аукција закажана за 30-ти ноември, партиите не запираат со меѓусебните обвинувања.

До средина на декември „Алта банка“ – Битола треба да добие нов сопственик, откако на продажба се понудени над 95% од вкупниот број акции, кои се во сопственост на белградската „Алта банка“.
Експерти за пазарот на капитал објаснуваат - почетната цена е берзанска од последните 6 месеци, односно 3.777 денари по акција, а ќе се продаваат по моделот „се или ништо“. Тоа значи дека мора да се купи целиот пакет, тежок 22,3 милиони евра.
Во меѓувреме, не запираат и партиските реакции – СДСМ тврди дека ласта планира да ја продаде банката двојно пoeвтино, за ако што велат, да ги прикрие сметките и трансакциите.
ВМРО-ДПМНЕ, пак, критикува дека СДСМ ја кочи надзорната расправа во Собранието за „Алта банка“.
Првата јавна берзанска аукција за продажба на акциите на „Алта банка“ – Битола е закажана за 30-ти ноември.
Гувернерот, неодамна на прес-конференција рече дека постојат шест заинтересирани банки, од кои две домашни.
Борис Грујоски
