Конститутивна седница на српското Собрание

17.11.2026 20:09

Конститутивна седница на српското Собрание. Александар Чупиќ од Студентската листа кандидат за претседател на Парламентот...

Со илјада поддржувачи на Студентската листа пред српското Собрание се одржа конститутивна седница на Српското собрание, историска бидејќи го означува крајот на 14-годишното владеење на СНС и Александар Вучиќ.

Верификувани се 140-те освоени мандати на Студентската листа, 103 на СНС, и седумте на малцинствата.

„Граѓаните и студентите ни го овозможија овој ден со нивната величествена борба што не избраа нас, кои имаме големи очекувања и сигурни сме дека ќе го спроведеме студентскиот план и програма. Ние сите одлуки ги носиме демократски, со гласање, со мнозинство и јавноста ќе се запознае со начинот на нашата работа“, изјави Тихомир Станиќ-пратеник на Студентската листа.

Александар Вучиќ, сега шеф на пратеничката група, пред седницата ги обвини студентите дека нивната пратеничка Лидија Вукичевиќ физички ја нападнале, влечеле за коса и полеале со јогурт.

„Ние сме државотворна политичка организација и нашата парламентарна група ќе се вика „Александар Вучиќ, Србија победува“, бидејќи со ова сакавме да избегнеме секаков вид конфликт и сакавме да покажеме надеж дека оние кои треба да ја водат земјата ќе можат да се однесуваат цивилизирано како луѓе, а не да продолжуваат да вршат терор“, изјави Александар Вучиќ, шеф на пратеника група СНС.

Од денес почна да тече рокот од 90 дена за избор на Владата.

 

Оливер Бранковиќ