Временска прогноза

Променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд

18.11.2026 08:19

Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, а во западните делови повремено ќе биде силен, со брзина над 80 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, а во западните делови повремено ќе биде силен, со брзина над 80 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 4 до 11, а максималните ќе достигнат од 17 до 21 степен.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот се очекува слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој во делови од котлината повремено ќе биде засилен. Температурата ќе се движи од 2 до 19 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење, до петок ќе биде релативно топло, со температури над просекот за овој период од годината.