АМСМ

АМСМ: Внимателно на влажните коловози

18.11.2026 08:59

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но по наместа влажни коловози. На делницата Калишта – Радожда кај Елен Камен е воведен наизменичен режим на сообраќај. АМСМ апелира на внимателно возење поради можни одрони, а потсетува и дека е во сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Од ДППУ „Стентон Градба“ ДОО Битола информираат дека од 17 ноември 2026 година, на регионалниот пат Р1208, на делницата Калишта – Радожда, кај месноста Елен Камен, сообраќајот се одвива наизменично, по една сообраќајна лента. Воспоставен е режим на двонасочен сообраќај со наизменично пропуштање на возилата низ една заедничка слободна лента.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември 2026 година стапи на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталните временски услови. Обврската ќе важи до 15 март 2027 година. Повеќе информации се достапни на овој линк.

Од АМСМ препорачуваат приспособена брзина на движење, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност за појава на одрони. Ова особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.