Статистика

Откупот и продажбата на земјоделски производи намалени за 8,8 проценти

18.11.2026 11:54

Според податоците, во периодот јули – септември годинава, во споредба со истиот период лани, откупот и продажбата на земјоделски производи бележат намалување од 8,8 проценти.

Откупот и продажбата на земјоделските производи во третото тримесечје од 2026 година изнесуваат 4,7 милијарди денари, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците, во периодот јули – септември годинава, во споредба со истиот период лани, откупот и продажбата на земјоделски производи бележат намалување од 8,8 проценти.

Намалување е забележано и кај двете категории. Откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е намален за 13,5 проценти, додека продажбата на земјоделски производи од сопствено производство бележи пад од 3,7 проценти.