Статистика

Раст на трошоците и цените во земјоделството

18.11.2026 14:47

Трошоците за производство во земјоделството бележат значителен раст. Во октомври годинава, во споредба со истиот месец лани, цените на инпутот се зголемени за 9,7 проценти, додека кај аутпутот, односно земјоделските производи, растот изнесува 2,2 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Цените во земјоделството во октомври 2026 година бележат зголемување и кај средствата што се користат во производството и кај земјоделските производи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во споредба со октомври минатата година, цените на инпутот се зголемени за 9,7 проценти, а на аутпутот за 2,2 проценти.

Во делот на инпутот, односно средствата што се користат во земјоделското производство, најголемо зголемување има кај тековно потрошените средства, чии цени се повисоки за 9,8 проценти. Кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството растот изнесува 8,3 проценти.

Кај аутпутот, цените на растителното производство се зголемени за 3,8 проценти, додека кај добиточното производство е регистрирано намалување од 2,6 проценти.