Зголемено производството на шумски сортименти во државните шуми за 4,8 проценти
Производството на шумски сортименти во државните шуми во третото тримесечје од годинава достигнало 146 илјади кубни метри, што е зголемување од 4,8 проценти во споредба со истиот период лани. Раст е забележан кај производството на трупци, додека кај останатите видови шумски сортименти има намалување.

Вкупното производство на шумски сортименти во државните шуми во третото тримесечје од 2026 година изнесува 146 илјади кубни метри, што претставува зголемување од 4,8 проценти во споредба со истиот период минатата година, објави Државниот завод за статистика.
Раст на производството е забележан единствено кај трупците, и тоа за 40,4 проценти. Кај сите останати видови шумски сортименти е регистрирано намалување.
Во периодот јули – септември, производството на огревно дрво изнесувало 103.892 кубни метри, додека производството на трупци достигнало 40.650 кубни метри.
Истовремено, вкупната продажба на шумски сортименти изнесувала 147.490 кубни метри, што е зголемување од 1,6 проценти во однос на третото тримесечје од 2025 година.
