Путин и Си Џинпинг со критики кон Западот
Путин и Си Џинпинг ги истакнаа блиските односи меѓу Русија и Кина и повикаа на нов мултиполарен светски поредок. На самитот на АПЕК во Шенжен, двајцата лидери ги критикуваа западните санкции и американскиот трговски протекционизам. Во фокусот се и очекуваната средба со Доналд Трамп, војната во Украина, Иран и трговските односи.

Рускиот и кинескиот претседател Путин и Џјинпинг на самитот на АПЕК во Шенжен ги истакнаа стабилните односи, повикаа на мултиполарен светски поредок и ги критикуваа западните санкции и американскиот трговски протекционизам. Пред пристигнувањето на Трамп, Шји повика на слободна трговија, по новите американски ограничувања за кинеските чипови за вештачка интелигенција.
„Мораме да ја поддржуваме слободната и отворена трговија. Отворањето носи напредок, додека изолацијата води кон заостанување“, изјави Си Џинпинг – претседател на Кина.
Путин, пак, оцени дека западните санкции и прекинувањето на испораките на руски енергенси ја погодуваат единствено европската економија.
„Европа го губи својот индустриски потенцијал и конкурентската предност, додека долгот и инфлацијата растат“, изјави Владимир Путин – претседател на Русија.
Тројцата лидери утре треба да седнат на иста маса со фокус на војната во Украина и Иран, трговијата, вештачката интелигенција и нуклеарното оружје.
