САД

Прекин во работата на доверливата мрежа на НСА

18.11.2026 15:33

Прекин во функционирањето на строго доверливата мрежа „НСА Нет“ на американската Агенција за национална безбедност. Дефектот ја нарушил работата на агенцијата, но засега нема докази за хакерски напад

Строго доверливата мрежа „НСА Нет“ на американската Агенција за национална безбедност престанала да функционира. Прекинот ја нарушил работата на агенцијата, но засега нема докази за хакерски напад или компромитирање доверливи информации. 

Не е познато кога системот ќе биде обновен.