Италијанецот со којшто Челзи стана европски првак на работа во Германија

Ди Матео нов тренер на Шалке 04

07.10.2014 12:14

Поранешниот тренер на Челзи, Роберто Ди Матео, е назначен за нов предводник на  Шалке 04. 44-годишниот Италијанец го наследува Јенс Келер, којшто заработи отказ по лошиот старт на бундеслигашот во новата сезона и во домашното првенство и во Лигата на шампионите.

Шалке 04 е единаесетти во германскиот шампионат со само две победи и со скромни осум бода по првите седум одиграни кола. Во елитната европска конкуренција е трет во групата по двете ремија 1-1 со Челзи на гости и со Марибор на домашен терен.

Јенс Келер беше тренер на Шалке од декември 2012, а почеток на неговиот крај на клупата на тимот од Гелзенкирхен беше елиминацијата од германскиот Куп од третолигашот Динамо Дрезден. Чашата ја прелеа саботниот првенствен пораз од Хофенхајм.

Ди Матео ќе се соочи со поранешниот клуб, кого во 2012 го предводеше до единствената европска шампионска титула. Тренерската функција во Шалке ќе му биде прва професионална обврска, откако во ноември 2012 беше отпуштен од Челзи, шест месеци по освојувањето на европската титула. На клупата на „сините“ седна во март таа година како вршител на должноста на местото на Андре Виљаш Боаш и не само што стана континентален првак, туку со лондонскиот тим го освои и ФА Купот. Поради заслугите доби перманентен договор, но трпението на Роман Абрамович беше краткотрајно по проблематичниот почеток на сезоната 2012/2013.