Бугарска амбасада

Осум месеци затвор за палењето на дипломатските возила

18.11.2026 17:33

Осум месеци затвор и парична казна од 3.300 евра за Игор Дашковски-Стојановски, кој ги запали дипломатските возила пред бугарската амбасада во Скопје на 15 јуни годинава. Судот му го укина притворот и му одреди мерки на претпазливост до правосилноста на пресудата. Обвинителството и одбраната дополнително ќе одлучуваат дали ќе поднесат жалба.

8 месеци затвор и 3.300 евра парична казна доби Игор Дашковски-Стојановски за палење дипломатски возила пред бугарската амбасада на 15 јуни годинава. Судот му ја изрече оваа казна за загрозување лица и објекти под меѓународно правна заштита. Имајќи ги предвид олеснителните и отежителните околности, судот го прифати барањето на неговата одбрана за укинување на притворот и му одреди мерки на претпазливост до правосилност на пресудата.

Обвинителството го чека писменото образложение од судот за да донесе одлука дали ќе поднесе жалба.

И одбраната ќе се консултира со клиентот дали ќе ја обжали пресудата. Но, задоволни се во однос на притворот.

44 годишниот Игор ја призна вината – тој пред судот изјави дека сам решил да ги полее со бензин и да ги запали возилата поради револт спрема системот, како што утврди и вештото лице. овој случај, иако осуден од македонските власти, сепак ја зголеми тензичната реторика меѓу Скопје и Софија. Донесувањето на пресудата го следеа и бугарски новинарски екипи.

Фиљана Кока