Конференција на МАСИТ

Оние што ќе ја користат вештачката интелигенција ќе напредуваат, останатите ризикуваат да стагнираат

18.11.2026 17:07

Македонија мора побрзо да го фати чекорот со новите технологии. Фирмите и институциите што навреме ќе ја прифатат вештачката интелигенција побрзо ќе напредуваат, за разлика од другите што ризикуваат да стагнираат - пораката од Владата во однос на примената на вештачката интелигенција.

Македонија мора побрзо да го фати чекорот со новите технологии. Фирмите и институциите што навреме ќе ја прифатат вештачката интелигенција побрзо ќе напредуваат, за разлика од другите што ризикуваат да стагнираат. Ова е пораката од Владата во однос на практичната примена на вештачката интелигенција во општеството. Како решение, се посочуваат привлекувањето инвестиции во центри за податоци и изградбата на Националниот центар, што треба да создаде услови за развој на голем јазичен модел на македонски јазик. Еден од проектите е „Везилка“, тежок 5,5 милиони евра.

Експертите советуваат како вработените навреме да се приспособат и кога вреди да се размислува за промена на професијата.

Едни стравуваат дека вештачката интелигенција ќе укине бројни работни места, но други дека ќе создаде многу повеќе нови.

ВИ не е иднината, туку сегашноста.

Паралелно, за да дојде до ова, неопходна е добра инфраструктура. Во делот на транспортот, се работи на воведување интелигентен транспортен систем во патниот сообраќај, а се разгледуваат можности за негова примена и во железницата.

Меѓу проектите на кои се работи се и воведувањето на Националниот едношалтерски систем и нов систем за дигитализација на патната такса.

Борис Грујоски