ХОББ сè почесто се јавува и кај помладите, цигарите главен ризик-фактор
Бесплатни превентивни прегледи за хронична опструктивна белодробна болест. Лекарите предупредуваат дека освен пушењето, и загадениот воздух придонесува за појава и влошување на болеста.

Граѓани дојдоа на бесплатниот превентивен преглед за да видат дали имаат хронична опструктивна белодробна болест, која по срцевиот и мозочниот удар е третата причина за смртност.
Иако поголемиот дел од оние што ги затекнавме беа повозрасни, доктор Чамуровски е задоволен од добиените мерења.
Ако порано болеста ја имале пациенти над 40 години, сега ја има и кај помладите. Цигарите се причина број еден за појава на ХОББ.
Но и загадениот воздух, кој е акутен проблем, оди во прилог на болеста. Пациентите со ХОББ чувствуваат глад за воздух, кашлаат и имаат свирење во градите. Ако болеста прогресира, мора да бидат ставени на постојана терапија со кислород, најмалку 16 часа во денот.
Наташа Јанчиќ-Менковски
