Фудбал – Квалификации за ЕП 2016

Адеми не се премисли!

07.10.2014 12:25

Конечно Аријан Адеми ќе дебитира за македонската фудбалска репрезентација, в четврток во Скопје во дуелот од квалификациите за ЕП 2016-та. За играчот за врска, кој настапува во загрепски Динамо, заинтересирана беше и Хрватска чијашто федерација се обиде и меѓу двете кола да го премисли  да игра во нејзиниот дрес.

Поради повреда, Адеми го пропушти дуелот со Шпанија, па селекторот на Хрватска Нико Ковач телефонски уште еднаш го прашал македонскиот репрезентативец дали неговата одлука да игра за нашата селекција е конечна. Одговорот на Адеми бил дека „каков човек би бил кога би го прекршил сопствениот збор и ветување“, со жал констатираат хрватските медиуми коишто сметаат дека ХНС испуштил одличен играч.

Адеми, пак е подготвен и со нетпрение очекува да го одигра првиот натопревар за Македонија и со тоа да го отргне притисокот од постојаните шпекулации.