Македонија

По протестот на работниците од „Факом“, отворена постапката за стечај

18.11.2026 17:16

По протестот на вработените пред Граѓански суд, отворена е постапката за стечај на „ФАКОМ“ акционерско друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема. Ова е втор предлог за стечај. По 45 -дневната блокада на сметката се создале услови за стечај.

500 вработени десет месеци се без плата и придонеси. Велат „ФАКОМ“ е една од ретките компании која згаснува со полни раце работа и нарачки од странство. Работниците од април не одат на работа.

Со неизвесност се соочуваат и 600 работници од „БЕТОН“ кои исто очекуваат исплата на заостанатите плати.

Околу 4,68 милиони евра или 82,9% од приходите на „ФАКОМ“ во 2025-та година биле реализирани од странски пазари. Компанија основана пред 66 години.

Александра Велинова