Македонската репрезентација падна две места на најновата ранг-листа на ФИФА
19.11.2026 09:26
По двата пораза, од Шкотска и од Словенија, во ноемврискиот прозорец, Македонија сo 1339,35 бода се најде на 73 место на ФИФА-рангирањето. Во октомври „Црвено-жолтите“ беа на 71 позиција.
Македонската фудбалска репрезентација назадуваше две позиции на најновата ФИФА ранг листа.
По двата пораза, од Шкотска и од Словенија, во ноемврискиот прозорец, Македонија сo 1339,35 бода се најде на 73 место на ФИФА-рангирањето. Во октомври „Црвено-жолтите“ беа на 71 позиција.
Лидер и натаму е Шпанија, пред Аргентина и Франција.
Меѓу првите десет се наоѓаат и Англија, Мароко, Португалија, Бразил, Белгија, Холандија и Колумбија.
