Болницата во Прилеп со нови методи и апарати
Се растоварува јавното здравство и се подобруваат услугите за пациентите. Прилепската болница со нова лапароскопска метода и нова апаратура ќе обезбеди за пациентите високо ниво на здравствена заштита, без да мора да патуваат до клиниките или да се изложуваат на трошоци во приватното здравство.

Јавното здравство се растоварува од притисокот и го подигнува нивото на здравствените услуги за пациентите. Со нова лапароскопска метода на гинеколошко-акушерското и со нова апаратура на невропсихијатриското одделение, прилепската болница за 100-тина илјади пациенти од регионот обезбеди високо ниво на здравствена заштита.
Гинеколозите успешно ја изведоа првата лапароскопска операција за отстранување циста на јајник кај 45-годишна жена.
Во амбулантата на невропсихијатриското одделение почна дијагностиката на невролошките заболувања со новиот ЕЕМГ-апарат.
И на двете одделенија има доволно специјалисти и обучен медицински кадар.
Елизабета Митреска
