Енергетика

Божиновска на P-TEC: Фокус на енергетската сигурност и стратешките партнерства

19.11.2026 11:18

Божиновска, денеска продолжува со учеството на седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава. Во фокусот на вториот ден од форумот се енергетската безбедност, диверзификацијата на снабдувањето и заштитата на критичната инфраструктура.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска продолжува со учеството на седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава. Во фокусот на вториот ден од форумот се енергетската безбедност, диверзификацијата на снабдувањето и заштитата на критичната инфраструктура.

На вчерашната панел-дискусија Божиновска ги презентираше чекорите за обезбедување алтернативни правци за снабдување со природен гас и поголема регионална поврзаност. Таа истакна дека по три децении зависност од еден извор, државата развива нови инфраструктурни поврзувања преку интерконекторите со Грција и Србија. Интерконекторот со Грција се очекува да биде завршен во јуни следната година, а ќе биде подготвен и за транспорт на водород.

Божиновска се осврна и на заштитата на критичната енергетска инфраструктура од сајбер-напади и закани од дронови, нагласувајќи ја потребата од институционална координација и соодветна законска рамка.

Денешната програма продолжува со министерски дискусии за нуклеарната енергија, трансатлантската индустриска соработка, снабдувањето со течен природен гас и финансирањето и заштитата на стратешката енергетска инфраструктура. Учеството на форумот е можност за продлабочување на партнерствата со САД и европските земји и зајакнување на регионалната енергетска соработка.