Берлин во дипломатска офанзива за Украина – се бара пат до прекин на војната
Зеленски, европски лидери и американски претставници на средби во Берлин разговараат за мировен договор, безбедносни гаранции и нова помош за Киев. Во меѓувреме, продолжуваат нападите врз инфраструктурата на двете страни.

Берлин во центарот на дипломатската офанзива за Украина. Речиси 40 делегации, меѓу нив Зеленски, европски лидери и американските претставници Виткоф и Кушнер, разговараат за можен мировен договор, безбедносните гаранции и продолжувањето на поддршката за Киев.
На маса се и нови пакети воена и финансиска помош, како и можноста за мултинационални сили во Украина по завршувањето на непријателствата.
Зеленски ги посочи воздушната одбрана, авионите Ф-16 и финансирањето како главни приоритети. Смета дека САД и Кина можат да влијаат врз Москва за прекин на војната, кој, според него, мора да започне со прекин на огнот.
Во меѓувреме, Москва пријавува нови напади врз Кримскиот мост, а Киев погодена енергетска инфраструктура.
