Предавање на врвен експерт за иновации
Економскиот факултет, еден од тројцата најголеми експерти за иновации и претприемништво, бритаснкиот професор Џон Бесант, одржа предавање.

Иновациите се присутни насекаде во бизнисот, технологијата, јавниот сектор. Проблемот е како да се менаџираат за да обезбеди напредок, вели еден од тројцата врвни експерти за иновации и претприемништо, британскиот професор Џон Бесант, кој четири месеци ќе држи предавања во Скопје. Вели, во Македонија има надарени луѓе, но треба да се откочи нивниот потенцијал како иноватори.
„Во Макеоднија како и во многу други држави имате силен интелектуален кадар со многу вештини и искуство. Не е нешто ново, вие сте добро изградена земја, но една од предизвиците е како да се отклучат тие вештини, особено во свет што се менува многу брзо. Имате силни вештини и институции за инвестирање, но прашањето е како да се поврзат и како од идеи да се направи нов производ“, изјава Џон Бесант- професор на универзитетот Ексетер, Обединето Кралство.
Предавањата се дел од европскиот проект „Хоризонт – Европа“ за унапредување на вештини на истражувачи во одржливо претприемништво.
Програмата за иновацискиот процес ќе ја слушаат менаџери од 60 компании од Македонија, како и 70 студенти од Економскиот факултет во Скопје.
По завршувањето на четири месечната програма ќе се формираат интерсекторски тимови од вработени и студенти за решавање на конкретни иновациски проблеми.
Ирина Гелевска
