Економија

Циркуларна економија – отпадот како нов ресурс

19.11.2026 17:26

Отпадниот текстил повторно станува облека, старата хартија се претвора во моливи и боички, а искористените материјали добиваат нова вредност. Преку проектите за циркуларна економија се поттикнува повторна употреба на производите, заштеда на суровини и енергија и намалување на отпадот.

Текстилни производи исечкани на парчиња и повторно употребени за производство на облека, моливи и боички од отпадна хартија, паркинг од рециклирани буриња, компост од чај се само дел од проектите поддржани во рамките на проектот за циркуларна економија. Наместо вредноста да се изгуби по првата употреба, производите и материјалите се во употреба што е можно подолго. Се штеди на суровини и енергија и помалку отпад во околината.

Водечка држава во оваа економија е Холандија со стапка на циркуларна употреба на материјали од над 32 проценти. Белгија и Италија се наоѓаат на самиот врв во Европа со стапка на повторно враќање на материјалите во економијата од околу 22 до 23 проценти.

Игор Панов