Струја има, долгот ќе се плати

19.11.2026 14:08

Дел од факултетите при УКИМ и зградата на Ректоратот вчера останаа без струја поради неплатени сметки. Јаневска смирува- долгови има, но со ребалансот се обезбедени средства за нивно сервисирање.

Наместо предавања и научна работа, вчера  дел од факултетите на УКИМ без електрична енергија. Струјата набрзо се врати, но долгот останува. ЕВН поставила рок до петок да се подмири сметката, за која министерката за образование, Јаневска, вели дека има пари од ребалансот на Буџетот.

Од Електродистрибуција, пак, на нашето прашање колкав е вкупниот долг на УКИМ не откриваат конкретни суми.

„Станува збор за информации кои произлегуваат од деловниот однос меѓу компанијата и нејзините корисници. Од тие причини, не би можеле да споделуваме поединечни информации за финансиските обврски на конкретни корисници, вклучително и на институциите од јавниот сектор“, велат од ЕВН.

Останува прашањето, како најголемиот државен универзитет во земјава дозволил да дојде до ситуација неговите факултети да останат без електрична енергија, а и колку пари од буџетот ќе се одвојат за подмирување на долгот.

Ана Јосифоска