Македонско-германска комора

Бундестагот пред одлука да ја преполови квотата за работници од Западен Балкан

19.11.2026 19:10

Гласање во Германија, важно и за Македонија. По веста дека Берлин планира да ги намали квотите за работници од Западен Балкан, од 50 на 25 илјади, надлежните во земјава гледаат надеж дека квалификуваните работници ќе останат дома. Тоа го очекуваат и германските компании кои работат во земјава, а се соочуваат со недостиг од кадар.

Целта на креаторите на економските политики во земјава е квалификуваната работна сила да остане во овде, па сметаат дека позитивно ќе се рефлектира предлогот на германската влада, годишната квота за работници од Западен Балкан да се намали од 50.000 на 25.000 лица. Гласањето во Бундестагот е закажано за 18-ти декември.

Одлуката директно ги засега и македонските граѓани, кои преку посебна уредба можат да се вработат во Германија и без формално признавање на нивните квалификации.

Во земјава има повеќе од 150 германски компании, а недостиг од работна сила, па и за македонско-германската стопанска комора, намалувањето на квотите е добра вест.

Во недостаток на работна сила, а со цел да му се излезе во пресрет на работоспособното население, беше донесен Законот за привремен ангажман.

Според Ристески се уште не ги дава очекуваните резултати, но тоа не е закон за една година. Придобивките се јасни, легализација на работата, платен ангажман, пензиско и здравствено осигурување, поголема правна сигурност, флексибилност, намалување на сивата економија.

Александра Велинова