Акција на МВР и Обвинителството

Сомнежи за еколошки криминал во „Макстил“

19.11.2026 17:44

По наредба на скопското Обвинителство, полициски екипи спроведуваат акција во „Макстил“. Зедоа примероци од почва и други суровини за анализа, со цел проверка на сомнежите за еколошки криминал. Од „Макстил“ велат дека соработуваат со надлежните служби за целосно расчистување на случајот.

Дали во кругот на фабриката „Макстил“ имало загадување и од што, истажуваат надлежните.

Полициски службеници од единицата за економски криминал при СВР Скопје по добиени оперативни информации и по наредба на Основното јавно обвинителство, вршат контрола во поранешната Железара.

Од МРВ велат, акцијата се спроведува за да се провери веродостојноста на инфорамциите коишто ги добиле инспекторите на терен.

„Вршат контрола и преглед на примероци и одередни суровини за проверка на сомнение за евентуелано сторени кривични дела од областа на еколопшкиот криминал“, информираше Гоце Андреевски – портпарол на МВР.

Преку соопштение се огласија и од „Макасил“. Велат тие се залагаат за транспарентност и се отворени за соработка во интерес на јавноста.

„Макстил поседува А-Интегрирана еколошка дозвола издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање и соодветно оваа дозвола компанија подлежи на контроли од регулаторот. Во интерес на точно дефинирање на состојбите Макстил ќе продолжи целосно да соработува со надлежните органи во текот на проверките“, соопшти компанијата.

Во феврурари годинава, Државниот инспекторат за животна средина спроведе вонреден инспекциски надзор по сознанијата дека вреќи со филтерска прашина стојат на отворено зад челичарницата, по што даде налог опасниот отпад што не се чувал соодветно, да се препакува и покрие.

 

Наташа Јанчиќ- Менковски