Граѓаните да не чекаат 5 до 12: Понеделник истекува рокот за поднесување барања за отпис на долгови
Досега се поднесени околу 34 илјади апликации, инфомираа денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов...

За шест дена истекува рокот за поднесување барања за отпис на долгови. Надлежните со апел до граѓаните, кои ги исполнуваат критериумите, да не чекаат 5 до 12, за да се избегне метежот на шалтерите.
Досега се поднесени околу 34 илјади апликации, инфомираа денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Најголем дел 11.000 се во Скопје, во Куманово има 4.500, а следуваат Прилеп, Тетово, Гостивар и Струмица со поднесени меѓу 1.600 и 2.600 барања.
„Апелирам граѓаните да не го чекаат последниот ден кога ќе има гужви и нервози, туку да дојдат уште денеска и да поднесат барање“, порача министерот Ставрески.
Потеницра дека поднесените барања потврдуваат оти мерката е добро дизајнирана и насочена кон ранливите категории на кои ќе им се отпишат долговите и ќе им се помогне да се опорават.
Комисиите ги разгледуваат поднесените барања, а целиот процес се очекува да заврши во ноември.
