Временска прогноза

Претпладне променливо облачно со повремен локален дожд

20.11.2026 08:13

По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од западен правец (над 70 km/h)...

Претпладне променливо облачно со повремен локален дожд. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од западен правец (над 70 km/h).

Минималните температури ќе се движат од 7 до 14 степени, додека максималните ќе достигнат од 14 до 22 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.