Собрание

Почнува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2027, поднесени над 300 амандмани

20.11.2026 08:01

Почнува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година. Седницата во матичната Комисија за финансирање и буџет е закажана во 11:30 часот. Пратениците ќе разгледуваат над 300 амандмани.

Почнува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година. Седницата во матичната Комисија за финансирање и буџет е закажана во 11:30 часот. Пратениците ќе разгледуваат над 300 амандмани.

Вкупните приходи се проектирани на ниво од 395,4 милијарди денари, што претставува раст од 5,7% во однос на 2026 година, а вкупните расходи на ниво од 440,4 милијарди денари, односно раст од 4,8%.

Буџетскиот дефицит е проектиран на 45 милијарди денари или 3,5% од БДП, а за капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари. Согласно проекциите, економскиот раст во 2027 година се очекува да изнесува 3,8%, а главен двигател да биде домашната побарувачка, пред сè преку засилената инвестициска активност. Јавниот долг заклучно со 30 септември годинава изнесувал 56,6 % од БДП.

Министерката за финансии уверува дека во Предлог-буџетот за 2027 година се обезбедени средства за редовно функционирање на институциите, исполнување на обврските кон граѓаните, поддршка на стопанството и реализацијата на капиталните инвестиции.