Нови возила за Итната помош во Прилеп, но недостасува медицински кадар
Прилепската служба за итна помош ги доби новите три возила. Тоа е голема придобивка, ама треба и доекипираност на медицинскиот кадар за општината со најголема територија во земјава за пружање итна медицинска помош...

Дефибрилатор, опрема за имобилизација на пациентите при скршеници и други повреди во сообраќајни несреќи, кислород, мониторирање на состојбата, безбеден транспорт до клиниките. Новите три амбулантни возила за прилепската Итна медицинска помош со опременоста значат спас на животот на пациентите.
Општината со најголема територија и со грижа за околу 100 000 пациенти во Регионот обезбеди стабилни и брзи медицински услуги преку владината набавка на возилата.
Сега недостасува медицински персонал – уште четири лекари, осум медицински сестри и шест шофери за амбулантните возила.
Сирените на Итната помош не се само стрес за граѓаните за нечиј живот. Сега може да значат спас за пациентите.
Елизабета Митреска
