„Борете се за нашата иднина, а не за нивните војни“- Младите во Европа денеска излегуваат на протести
Студенти, ученици и синдикати во повеќе од 25 европски земји денеска излегуваат на улиците во координирани протести против порастот на трошоците за живот и милитаризацијата.

Студенти, ученици и синдикати во повеќе од 25 европски земји денеска излегуваат на улиците во координирани протести против порастот на трошоците за живот и милитаризацијата.
Повикот доаѓа од коалиција составена од над 50 организации предводени од млади луѓе и студенти, под слоганот: „Борете се за нашата иднина, а не за нивните војни“. Синдикати и активисти од Франција, Британија, Белгија, Шпанија, Италија, Португалија и Грција најавија истовремени собири, по неколкунеделни протести во повеќе европски земји.
Меѓу главните проблеми се високите трошоци за домување, влошените услови во образованието, стагнацијата на платите и зголемувањето на воените трошоци.
