Активните мерки треба да бидат лек за проблемите на работниците
Несигурната работа и несигурната плата, рак рана на секоја економија. Не е исклучок ниту нашата земја, велат од Сојузот на синдикатите. Сите досега направени реформи, активните мерки за вработување и мерките за намалување на сивата економија, треба да бидат лек за проблемите.

Анализите покажале дека нискоквалификуваните работници се најмногу на удар, а сознанијата на синдикатот укажуваат дека најчесто работниците се жалат на несоодветни услови за работа, несигурна плата и занемарување на основните работнички права загарантирани согласно законот и колективните договори.
Според Горан Велевски од Министерството за труд и социјална политика, во Македонија се направени низа реформи за креирање на нови работни места, а со најавите на странските инвеститори се очекува зголемување на бројот на работни места.
Креирањето на работни места придонесува за намалување на невработеноста, а во еден подоцнежен период со зголемување на конкуретноста на работната сила и до зголемување на платите. Потребно е да се намали невработеноста и да се зголеми конкуренцијата и квалитетот на работната сила за да пораснат платите, појасни Велевски.
Од Сојузот на синдикати на Македонија сметаат дека социјалниот дијалог и колективното договарање се клучни за да се постигнат начелата за пристојна работа.