Поскапеа и синдикалната и владината кошничка
И владината пресметка на просечната потрошувачка кошничка и синдикалниот есап покажуваат – животот станува поскап. Надлежните ќе реагираат, но само ако се потврди девијантно однесување кај трговците...

Инфлацијата се подгрева и притиска врз домашниот буџет на граѓаните како рефлексија на глобалните економски предизвици. Тоа го потврдуваат владината и синдикалната пресметка на потрошувачките кошници, иако разликата меѓу нив останува околу 200 евра. Просечната потрошувачка кошница за октомври изнесувала 59.149 денари, за 942 денари или 1,6 насто повеќе во однос на претходниот месец – пресмета Министерството за економија и труд. Најголемо зголемување има кај храната и пијалаците, особено кај овошјето и зеленчукот. Но, поскапеле и домувањето, облеката и обувките, рекреацијата, културата, електриката, гасот и горивата.
