МВР

Малолетници мета на онлајн-предатори

20.11.2026 17:09

Контактираат малолетници преку социјалните мрежи или игри, па ги принудуваат да споделуваат интимни фотографии и видеа, да се самоповредуваат или да вршат насилство. МВР предупреди за опасна онлајн-заедница.

Децата на удар – родители, внимавајте! МВР предупредува – насилната заедница „764“ оперира и во Македонија. Главен таргет им се младите. Ги наоѓаат преку најкористените платформи и игри: Телеграм, Роблокс, Инстаграм, ТикТок, Снепчет, Редит, Икс, Мајнкрафт и Фортнајт, и на тој начин воспоставуваат контакт со потенцијалните жртви.

Според адвокатката Јована Малезанска, постојната законска регулатива во земјава нуди одредена заштита, но не е целосно приспособена на дигиталното насилство и е ограничена на деца под 14 години. Предаторите дејствуваат побрзо од измените, кои во онлајн-просторот ниту физички не се гледаат со потенцијалната жртва, смета Малезанска.

Целта не е родителите да го заштитат детето, туку да го оспособат да функционира безбедно во дигиталниот свет, смета психологот Мирјана Јовановска Стојановска. Препораката до родителите е да одвојат повеќе време за разговор со децата, да видат кои апликации ги користат, да ги научат за заштитата на личните податоци и, клучно, да постават јасни правила.

Родителите да не преземаат активности на своја рака доколку забележат дека нивното дете е жртва на активности поврзани со групата „764“ или други онлајн-групи. МВР апелира сите сознанија и докази да бидат пријавени во Одделот за компјутерски криминал.

 

Викторија Милевска