Могерини: Проширувањето на Европската Унија треба да продолжи

07.10.2014 14:20

Политиката на проширување на Европската Унија треба да продолжи, како најдобра гаранција за трансформација, демократизација и развој на земјите од Западен Балкан и Турција. Ова го изјави идната шефица на дипломатијата на Унијата, Федерика Могерини, на сослушувањето пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Таа рече дека е потребна политичка волја за решавање на проблемот за името што Грција и го наметнува на Македонија, додавајќи дека и Унијата треба да биде подготвена кога земјите од Западен Балкан ќе ги исполнат условите за членство.